Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во последните денови и недели во Македонија, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење.
На 09.02.2015 во Македонската православна црква «Св. Наум Охридски» во присуство на представници од повеќе Македонски здруженија, Македонската црква и представници од Македонската амбасада во Швајцарија се формира координативно тело за помош на Македонија, поточно помош за настраданите од поплавите во повеќе региони во Македонија.
Од страна на представниците на Амбасадата на Република Македонија во Швајцарија бевме информирани дека моментално потребите од материјална помош се задоволени од страна на државните институции на Република Македонија.
Најголема помош за нашите сонародници во таковината од сега натаму би била во парични средства.
Затоа беше донесена одлука да во што е можен побрз рок се отвори банкарска сметка за собирање парични средства за помош на најзагрозените во поплавите.